Во детската болница во Козле, пак, која беше пренаменета во ковид-центар, повеќе нема сместени возрасни пациенти со коронавирус
Прегледот на состојбата во болниците низ земјава, покажува дека најмногу хоспитализирани пациенти со ковид-19 има на Инфективната клиника во Скопје – 89.
Од нив 11 се примени во последните 24 часа. На кислородна поддршка се 47 и нема пациенти на механичка вентилација.
Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно се сместени 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти, кои според извештајот се и единствените кои се на респиратор.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во Штип 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани вкупно 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во детската болница во Козле, пак, која беше пренаменета во ковид-центар, повеќе нема сместени возрасни пациенти со коронавирус. Таму, според денешните состојби, хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.
За разлика од денеска, пак, вчера во болницата во Козле беа хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на вирусот, како и две заразени деца, две мајки и уште две дечиња суспектни на вирусот.
