М.А. и А.Х. за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против двајца Пакистанци М.А. (27) и А.Х. (20), поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Полицијата на 22 декември годинава на автопатот Куманово-Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, Кумановско, пронашла 40 мигранти – 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан и по едно лице од Мароко и Турција, од кои три се малолетни.
Било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница.
Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека останатите лица се сместени во прифатен центар.