Повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сепаратисти
Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени денеска при гранатирање кај Северодонецк, источна Украина, а нивниот возач е убиен, потврди за Си-ен-ен портпаролот на британската агенција.
Портпаролот вели дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сепаратисти и дека ги управувало лице задолжено за проруските сили.
„’Ројтерс‘ изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач“,
рече портпаролот.
Во последните неколку дена Северодонецк во областа Луганск е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над тој град.