Пожарот бил пријавен во радовишката полициска станица вчеравечер околу 20:30 часот, по што е изгаснат од страна на екипа на ТППЕ Радовиш
Двајца малолетници вчеравечер подметнале пожар во автобус кој бил паркиран во дворот на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.

Пожарот бил пријавен во радовишката полициска станица вечерта околу 20:30 часот, по што е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Радовиш. Во инцидентот нема повредени лица.
„По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот“,
информираат од полицијата.
За инцидентот е информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според информации на МИА, автобусот не бил во употреба и стоел паркиран во дворот на училиштето. Со навремена интервенција било спречено пожарот да се прошири на училишната зграда и околните станбени згради
