Холанѓаните А.В.Д.Б. (50) и Ј.Л. (63) биле приведени вчеравечер во 23:05 часот, по претходна пријава дека неовластено извршиле снимање со дрон, кој потоа им бил одземен
Двајца државјани на Холандија вчера пред полноќ биле приведени во близина на касарната „Илинден“, од страната на Аквадуктот, бидејќи неовластено снимале со дрон, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Холанѓаните А.В.Д.Б. (50) и Ј.Л. (63) биле приведени вчеравечер во 23:05 часот, по претходна пријава дека неовластено извршиле снимање со дрон, кој потоа им бил одземен заедно со други предмети.
„По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“,
велат од МВР.
