Шест лица се повредени, а меѓу нив има и едно дете. Грчкиот шеф на дипломатијата наредил телефонски да се упати силна протестна нота до руската амбасада и да се повика амбасадорот на итен разговор

Двајца грчки иселеници загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и едно дете при бомбардирањето од руски авион на цивили во селото Сартана во Украина, соопштија од грчкото МНР, изразувајќи ја нивната осуда, јави дописничката на МИА од Атина.
„По наредба на министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, генералниот секретар Темистоклис Демирис телефонски упати силна протестна нота до рускиот амбасадор во Атина и го повика утре во Министерството за надворешни работи“,
соопштија од грчкото МНР.
Оттаму потсетуваат дека Дендиас, на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред две седмици го истакнал прашањето за потребата за заштита на грчката дијаспора во Украина.