Двајца гевгеличани на возраст од 40 и 27 години добија кривични пријави за шверцување мигранти бидејќи се обиделе нелегално да пренесат 142 мигранти.
Во утринските часови на 10 јули полицајците забележале товарно возило „ман“ со бугарски регистарски ознаки и приклучно возило како се движи со голема брзина на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на граничниот премин со Грција.
Полицајците се упатиле кон камионот за да го запрат, а кај стариот пат од село Милетково кон село Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал. При преглед во товарното возило биле пронајдени мигрантите.
