Приведени се О.Д. (32) и Е.А. (18) од фудбалскиот клуб Беса од Слупчане
Двајца фудбалери од Фудбалскиот клуб Беса од Слупчане се приведени откако нападнале играчи од ФК Аеродром од Скопје за време на вчерашниот натпревар од Третата лига Север.

Натпреварот бил одржан во село Слупчане, Општина Липково.
„Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д. (32) и Е.А. (18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб Беса од село Слупчане, затоа што на фудбалски натпревар во село Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК Аеродром од Скопје“,
соопштија од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за откривање на сите вклучени во инцидентот и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
