Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Дваесетгодишен жител од кумановското село Доброшане починал откако со мотоциклот изгубил контрола и удрил во бетонски столб во атарот на село Орашац на патот Куманово-Свети Николе.
„Вчера околу 21 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, Кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П. (20) од село Доброшане, Кумановско, управувајќи мотоцикл бе-ем-ве без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“,
информираат од кумановската полиција.
Оттаму додаваат дека екипа на СВР Куманово извршила увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.