Во последното деноноќие се направени 275 тестирања, наспроти 411 во претходниот ден. Излекувани се уште 25 заразени од коронавирус
Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 во земјава и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1, соопштија од Министерството за здравство.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 36 нови заразени, но и поголема беше бројката на тестирања во тоа деноноќие – 411, при што дури 12 од новите случаи беа од Тетово, каде што сега има само еден новозаразен.
Институтот за јавно здравје регистрира и 24 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2.
Вкупната бројка на ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 642, бројката на оздравени пациенти е 1 136, на починати – 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.
По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 550, активни 132
• Куманово – 408, активни 53
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 2
• Прилеп –176, активни 68
• Тетово – 110, активни 54
• Струга – 67, активни 16
• Велес – 107, активни 49
• Битола –23, активни 4
• Охрид –15, активни 9
• Кавадарци – 5, активни 1
• Гостивар –19, активни 5
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 1
• Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 2
• Делчево-1, активни 1
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1
Во изминатото деноноќие, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
