Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје
Дваесет и тригодишник од Скопје, возејќи автомобил марка „ауди“, синоќа удри во 11-годишно девојче на булеварот „Хрстијан Тодоровски-Карпош“ во скопски Чаир, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
„На 5.8.2025 година во 22 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека на булеварот ‘Христијан Тодоровски-Карпош‘ во Скопје, патничко возило марка ‘ауди‘ со скопски регистарски таблички управувано оф Ф.Ф. (23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје“,
пишува во полициското соопштение.
Екипи на СВР Скопје извршија увид на местото на настанот.