Жителите поголемиот дел од своето време го минуваат во засолништа и во подруми додека продолжува нападот врз градот од копно, воздух и море, велат властите
Телата на загинатите се оставаат на улица бидејќи е премногу опасно да се отстранат и да се закопаат во масовни гробници, што е уште еден показател за ужасот таму
Украина го отфрли рускиот ултиматум според кој на жителите во опколениот град Мариупол – каде што се верува дека се заробени околу 300 000 луѓе – со кој им се нуди безбеден излез доколку градот се предаде. Рокот истече во 5 часот утрово по локално време.
Градоначалникот на Мариупол претходно изјави за Би-би-си дека не може да им се верува на хуманитарните ветувања на Москва и рече дека украинските сили ќе се борат и натаму.
Ситуацијата во градот, кој е опколен од руски војници и уништен од гранатирање, се опишува како „пекол на Земјата“ , бидејќи резервите од храна и лекови се при крај.

Жителите поголемиот дел од своето време го минуваат во засолништа и подруми додека продолжува нападот врз градот, од копно, воздух и море, велат властите.
Сликите покажуваат град во урнатини, со уништени цели населби. Градоначалникот, Вадим Бојченко минатата недела дека рече дека над 80 отсто од станбените згради биле или оштетени или уништени, една третина од нив не можат да се поправаат.
Телата на загинатите се оставаат на улица бидејќи е премногу опасно да се отстранат и да се закопаат во масовни гробници, што е уште еден показател за ужасот таму.
Дури и руски генерал призна дека во градот се случува страшна хуманитарна катастрофа. Но, тој не призна дека неговите сопствени сили се одговорни за тоа.
Во текот на ноќта продолжуваат нападите и врз други украински градови. Неколку силни експлозии се пријавени од Киев, каде што властите вчера соопштија дека биле погодени куќи и трговски центар.
Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили кои напредуваат кон главниот град од североисток се запрени, а најголем дел од нив се уште се на 24 километри од центарот на градот.
Во меѓувреме, пријавено истекување на амонијак во хемиска фабрика во североисточниот град Суми, кој исто така е опколен од руските сили. Тамошните власти им кажуваат на луѓето во радиус од 5 километри да си заминат бидејќи гасот е опасен.
Сепак, властите објавија дека успеале да го запрат истекувањето по два часа.
„Екипите за итни случаи работат на смирување на облакот со амонијак. Нема закана за населението“,
објавија на Телеграм.