Русија вчера го нападна градот Тернопил и неговата околина со борбени дронови и ракети, при што беа погодени две високи станбени згради
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 22 лица сè уште се водат како исчезнати по вчерашниот руски воздушен напад врз градот Тернопил во западна Украина, во кој загинаа 26 лица, а повеќе од 90 беа повредени.

Русија вчера го нападна градот Тернопил и неговата околина со борбени дронови и ракети, при што беа погодени две високи станбени згради.
„Нашите спасувачи работеа цела ноќ во Тернопил, а спасувачките операции продолжуваат. Дваесет и две лица сè уште се водат како исчезнати и по нив се трага. Повеќе од 230 спасувачи од 9 области во Украина се мобилизирани во градот“,
напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој појасни дека поради тешките разурнувања и нестабилноста на зградите, работата може да се врши само рачно во некои области, што ја отежнува потрагата по преживеани.
„Од суштинско значење е нашиот народ да знае, особено во вакви тешки денови, дека и покрај руските напади и нивниот ужас, може да смета на помош и спасување“,
нагласи украинскиот претседател.
