Земјотреси со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентри на 65 километри југозападно од Скопје, се регистрирани утринава во кичевското епицентрално подрачје.
„Првиот во 8:14 часот со локална Рихтерова магнитуда ML 2,6 и вториот во 8:21 часот со локална Рихтерова магнитуда ML 2,9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево. Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.