Епидемиолозите открија два нови случаја на инфицирани со коронавирусот во Гостивар. Со неодамнешните во Општина Гостивар, до денес активни се четири случаи, колку што има и во соседната Општина Врапчиште, јави МИА.
Според информациите на Меѓуопштинскиот кризен штаб, двата нови случаи се регистрирани во селото Чегране.
Со оглед дека новозаразените работат во јавни установи, епидемиолозите денеска ќе тестираат најмалку педесет нивни колеги и роднини кои, според анкетите, во изминатиот период биле во контакт со нив.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на можно зголемување на бројот на заболени, како дел од вториот бран на пандемијата.
