Сите патници се хрватски државјани што се враќале од поклонение
Дванаесет лица се полесно повредени во судир на два автобуса што денеска се случи на излезот Вучевица кај Сплит во Република Хрватска, пренесува хрватски „Индекс“.

Во Клиничкиот центар во Сплит се примени 12 пациенти, од кои тројца имаат скршеници и во болницата се задржани превентивно на опсервација.
Во сообраќајната несреќа учествувале два автобуса, кои се судрија кај излезот Вучевица во правец кон Загреб.
На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итната медицинска помош, полиција и пожарникари.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, сите повредени се полнолетни хрватски државјани кои се враќале од поклонение.