Руското Министерство за одбрана тврди дека 61 украинско беспилотно летало било лансирано вечерта помеѓу 7 и 8 јуни, а кои биле насочени кон руска територија и окупираниот Крим

Поради украински напади со беспилотни летала, насочени кон рускиот главен град и околните региони, двата главни аеродроми во Москва утринава го имаат прекинато сообраќајот, објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм.
Според Собјанин, единиците за воздушна одбрана почнале да пресретнуваат беспилотни летала што летаат кон Москва кратко по 4 часот наутро. Помеѓу 6 и 8:20 часот наутро, тој пријавил соборување на 10 беспилотни летала во одделни бранови.
Нападите ги принудиле властите привремено да ги затворат московските аеродроми „Внуково“ и „Домодедово“ – два од најпрометните во градот. Операциите, како што пишува „Киев индипендент“, наводно, биле прекинати околу 6:53 часот наутро по локално време, што го нарушило патничкиот сообраќај и предизвикало одложувања.
⚡️ Ukrainian drone attacks force airport shutdowns near Moscow, mayor says.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) June 8, 2025
Russia's Defense Ministry claimed that 61 Ukrainian drones were launched between the evening of June 7 and the morning of June 8.https://t.co/gvg3YqlkwZ
Руското Министерство за одбрана тврди дека 61 украинско беспилотно летало било лансирано вечерта помеѓу 7 и 8 јуни, а кои биле насочени кон руска територија и окупираниот Крим.
Министерството соопшти дека беспилотни летала биле пресретнати над Москва и нејзините предградија, како и во областите Брјанск, Белгород, Калуга, Тула, Орјол и Курск.
Еден дрон предизвикал краткотраен пожар во хемиската фабрика „Азот“ во Тулската област, при што се повредени најмалку две лица.
Седум други украински дронови биле соборени над Калушка област, соопштија локалните власти.
Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев индепендент“ пишува дека не може да ги потврди информациите дадени од руските официјални лица.
Киев ги засили нападите со беспилотни летала на долг дострел против Русија во последните месеци, особено кон Москва и клучната воена инфраструктура. Иако повеќето беспилотни летала се пресретнуваат пред да стигнат до главниот град, заканата предизвика повторени прекини во цивилниот воздушен сообраќај.