„Затоа ги прашуваме нивните вазали од ‘Вреди‘, во овој дух како што течат работите, дали е следниот чекор констатацијата како ‘неуставна‘ декларирањето на етничката припадност на кандидатите за пратеници? Затоа што на ова алудира одлуката на Уставниот суд на ‘Декларација за етничката припадност ја нарушува слободата на граѓанинот‘! Дали и вие ќе ја оправдате ваквата одлука како што гласно со ВМРО и ЗНАМ ја оправдувате суспензијата на ‘балансерот%“, велат од партијата
Одлуката на Уставниот суд да отпочне постапка за оцена на уставноста за одредбите што се однесуваат на припадност на заедницата во контекст на вработување во јавниот сектор, односно укинување на алатката „балансер“ е само почеток на уништувањето на меѓуетничките односи изградени со голема тешкотија.
Ова е денешната реакција од партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) откако пред неколку дена Уставниот суд одлучи да покрене постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н. „балансер“, од каде што посочија дека тоа ќе отвори многу нови проблеми што можат и да доведат до рушење на основните темели на Охридскиот договор.
„А ова и сами да владеат, без Албанците, ВМРО, ЗНАМ и Стоиљковиќ немале да го постигнат. Жалосно е зашто пропаѓањето на Охридскиот договор се случува додека во Владата е и коалицијата што ги загуби изборите во албанскиот блок, што се заслепени од неколку владини функции. Но, еве што се случува кога ќе ја нарушите волјата на Албанците и без срам ќе станете вазал на ВМРО, против секој национален интерес“,
велат од ДУИ.
Според ДУИ, веќе е познато дека оваа моноетничка власт, без легитимитет на Албанците, сака да ја врати претходната нееднаквост.
„Затоа ги прашуваме нивните вазали од ‘Вреди‘, во овој дух како што течат работите, дали е следниот чекор констатацијата како ‘неуставна‘ декларирањето на етничката припадност на кандидатите за пратеници? Затоа што на ова алудира одлуката на Уставниот суд на ‘Декларација за етничката припадност ја нарушува слободата на граѓанинот‘! Дали и вие ќе ја оправдате ваквата одлука како што гласно со ВМРО и ЗНАМ ја оправдувате суспензијата на ‘балансерот’“,
се вели во соопштението од ДУИ.
Уставниот суд пред неколку дена на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата, што е потребно за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „балансерот“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.
Според претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, Дарко Костадиновски, само мерит-системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.