ДУИ денеска до Собранието го достави предлог-законот за ветинг, кој го најавува повеќе од седум месеци. Пратеникот Артан Груби рече дека очекува законот да се изгласа пред изборите.
„Се надеваме дека ќе го усвоиме и на следните избори ќе настапиме со агенција која ќе ги испитува сите кандидати и носители на државни функции за да знаат граѓаните за кого ќе се определуваат“,
рече Груби на прес-конференцијата.
Во однос на преговорите на работната група околу законот за јавно обвинителство, Груби рече дека очекува консензус.
Тие, како што рече, побарале да се отслика законот за јазиците и да се намалат критериумите за да има соодветна етничка застапеност. На денешната средба реагирале зашто 10 амандмани што претходно биле усогласени на Комисијата за европски прашања, сега не биле инкорпорирани во предлог-законот.