„ВЛЕН сноси директна одговорност за оваа состојба. Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат“, велат од ДУИ

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува за прекршување на принципот на правична застапеност во државните институции. Реакцијата од ДУИ доаѓа по последните информации за 40 нови унапредувања во рамките на Централниот регистар, каде што, според партијата, ниту еден Албанец не е опфатен со овие одлуки.
Од ДУИ сметаат дека овој чин е алармантен сигнал за тоа како се третираат Албанците во државните институции. Тие нагласуваат дека застапеноста веќе не е стандард, туку станала исклучок во државните органи.
Според партијата, одговорноста е кај коалицијата ВЛЕН, која е дел од власта.
„ВЛЕН сноси директна одговорност за оваа состојба. Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат“,
се вели во соопштението.
ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите според кои се извршени унапредувањата.
Од партијата порачуваат дека Албанците не смеат да бидат невидливи во државните институции и бараат преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.
