На божиќната трпеза присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и брегалничкиот митрополит г. Иларион и тетовско-гостиварскиот г. Јосиф
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска приреди традиционален ручек за државниот врв по повод божиќните празници и неговиот именден.

На божиќната трпеза присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и брегалничкиот митрополит г. Иларион и тетовско-гостиварскиот г. Јосиф.
За денешниот настан кај г.г. Стефан објави Сиљановска-Давкова на нејзиниот фејсбук-профил, посочувајќи дека на поглаварот на МПЦ-ОА му посакала добро здравје, духовна сила и долг век во служењето, водејќи ја црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот.
„Должни сме да ги негуваме вредностите што нѐ поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината“,
вели претседателката.
