Дрогата била скриена во четири пратки со стока декларирана како завеси, чаршафи и ткаенини
Половина тон дрога во вредност од 1,5 милиони евра била откриена и запленета на аеродромот во Атина, објавија денеска грчки медиуми. Како што се вели, станува збор за половина тон од супстанцијата кат која е позната и како природен кокаин, а дрогата на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ била скриена во четири пратки со стока декларирана како чаршафи, ткаенини и зависи кои транзитирале од Израел, а како крајна дестинација бил американскиот пазар.

Од Независната управа за јавни приходи на Грција соопштија дека станува збор заплена на најголемо количество ваква дрога досега, но и дека случајот е откриен по инспекција на карго-делот на аеродромот.
Пред повеќе од десет години, односно на четврти декември 2014 година, исто така на атинскиот аеродром биле откриени 458 килограми, а последното запленување на кат било во 2022 година, на истиот аеродром, кога биле откриени 34 килограми.
Инаку, дрогата кат се добива од растение што се одгледува во источна Африка и во јужниот дел на Арапскиот Полуостров.