При претресот биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, соопшти МВР
Едно лице е приведено откако при претрес во селото Казандол, Валандовско, полицијата открила дрога, оружје и муниција. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 6 часот во селото полициски службеници го лишиле од слобода Е.А., на возраст од 39 години.
„При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана“,
се наведува во соопштение од МВР.


Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.