Согласно спроведените контроли и надзори, Инспекторатот заклучил дека овошјето и зеленчукот генерално се продаваат по цени во согласност со последната изменета владина одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите низ земјава
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изрекол казни од над 1 300 000 денари за вкупно 22 субјекта за трговија на мало кои не ја почитувале владината одлука за ограничување на цените на овошјето и зеленчукот.
Од денот кога оваа одлука стапи во сила, инспекторите од ДПИ направиле над 650 контроли и надзори на територија на цела држава.
Согласно последната одлука на Владата, со која се ревидираа веќе замрзнатите цени на дел од овошјето и зеленчукот, трговците се должни да продаваат:
- килограм свежи домати до 95 денари;
- килограм свежи краставици до 95 денари;
- килограм кромид до 70 денари;
- килограм свежи зелени пиперки до 100 денари;
- килограм грав до 95 денари;
- килограм леќа до 110 денари;
- килограм банани до 75 денари;
- килограм портокали до 60денари;
- килограм мандарини до 65 денари и
- килограм лимони до 60 денари.
Согласно спроведените контроли и надзори, Инспекторатот заклучил дека овие производи генерално се продаваат по цени во согласност со последната изменета владина одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите низ земјава.