„Издадени се осум прекршочни платни налози во висина од над 1 196 000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек“, соопштија денеска од Пазарниот инспекторат
Казни во висина од речиси 20 илјади евра досега изрекол Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во врска со непочитувањето на владината одлука за ограничување на бруто-профитните маржи до 10 отсто.

„Извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се осум прекршочни платни налози во висина од над 1 196 000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек“,
информираат денеска од ДПИ.
Пазарниот инспекторат вчера ги контролираше големите маркети, а од денеска почнува контролата во малите маркети, бурекчилниците и останатите трговци на мало.
На целата територија на државата се излезени 47 тимови, односно 135 инспектори.
Директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, вчера на прес-конференција кажа дека сè додека е на чело на ДПИ, нема да има толеранција кон трговците кои не ги почитуваат владините одлуки, како и дека нема да се толерираат примени на нечесни трговски практики.