Лидерот на ДПА посочува дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа
Некогаш најголем политички опонент на Али Ахмети и ДУИ, претседателот на ДПА, Мендух Тачи, најави дека на следните избори ќе настапи заедно со ДУИ, а соработката ќе ја потпишат в понеделник.
Договорот, како што вели Тачи, е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликувала во последните две години.
Лидерот на ДПА посочува дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има и планови за соработка со турските и босанските партии, како и со неколку здруженија.
„Со господинот Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан в понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Имавме долги разговори, ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА. В понеделник ќе потпишеме договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа. Планираме да ни се приклучат и турска, босанска партија, како и неколку здруженија“,
изјави Мендух Тачи при вчерашното гостување на телевизијата Клан Македонија.