По неколкудневни застои и технички проблеми, од ДЗС велат дека пописот продолжува со посакуваното темпо
Попишувањето продолжува со посакуваните интензитет и темпо, информира денеска Државниот завод за статистика.
Според информациите од ДЗС, заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера биле попишани 114 308 лица.
„Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика, кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци“,
велат од ДЗС.
Пописот почна на 5 септември, а треба да заврши на 30 овој месец, односно операцијата е продолжена за пдет дена повеќе од вообичаено, поради мерките за заштита од ковид-19.