Обезбедени се вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19 од 100 дарители, соопштија од Институтот за трансфузиона медицина.
Досега над 120 пациенти со ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, која содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.
Од Институтот повторно апелираат дека граѓаните што се оздравени имаат можност да им помогнат на оние што во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост.
Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секој што има документиран лабораториски доказ дека бил болен од ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.
Формуларот за дарител на конвалесцентна плазма може да се преземе на следниот линк.