Новинарката Милка Смилевска која работи како дописник на Ал Џазира, објави дека за време на вечерашните протести што ги организираше ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата, таа и снимателот биле нападнати.
Според објавата, таа напаѓачот го пријавила на полицијата која го оривела и најавила пријава.
Смилевска заедно со постот објави и две видеа од напаѓачот и моментот кога ја спречил да ја врши новинарската работа.
„Дечкото на првото видео што го пријавив на полицаецот не нападна со колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава. Претходно ме праша дали сум од Ал Џазира и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе полицаецот, не сакаше да се легитимира“,
напиша Смилевска на Фејсбук.