Протестите во Холандија следуваат откако властите минатата недела воведоа делумен карантин за да спречат понатамошен раст на бројот на новозаразени со ковид-19

Нови судири и немири доцна синоќа избија во неколку холандски градови на протестите против владините мерки за заштита од коронавирусот. Петмина полицајци се повредени, а седум лица се приведени.
Посериозен судир помеѓу полицијата и демонстрантите имаше во Хаг, каде демонстрантите гаѓаа со камења кон полицајците и палеа велосипеди. За растерување на толпата, полицијата користеше и водени топови.
Помали немири имаше во градот Урк и во покраината Лимбург каде спортските навивачи прекинаа два фудбалски натпревари кои поради ковид-протоколите се одржуваа без публика.
Една вечер претходно, пак, имаше и пукање. Во Ротердам беа ранети три лица, а 51 лице беа приведени.
Протестите во Холандија следуваат откако властите минатата недела воведоа делумен карантин за да спречат понатамошен раст на бројот на новозаразени со ковид-19.
