Познатиот доктор од Охрид, Драган Спасески Охридски ја изгуби битката со ковид-19. Тој вчера почина во Скопје на 60-годишна возраст.
Тој работеше во „Свети Еразмо“ во Охрид, а по професија беше специјалист ортопедски хирург.
Тој беше и истакнат уметник и писател. Автор е на бројни уметнички, поетски и прозни дела. Лани одбележа и три децении од неговата прва изложба во 1989 година.