Кратко по полетувањето од аеродромот во Белград, на летот на компанијата „Ер Србија“ кон Москва, стигнала дојава за бомба во авионот, објави РТС.
Според безбедносните процени, авионот веднаш бил вратен назад на аеродромот во Белград.
Патниците и членовите на екипажот безбедно биле евакуирани од авионот, а потоа специјалните тимови на српското МВР ја започнале проверката на авионот.
Photo: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC / Архива