Во новиот пакет, на санкционираната листа се додадени и нови личности и правни лица. Со новата одлука се продолжува и за дополнителни шест месеци можноста Чешка да увезува нафтени деривати од Русија преку Словачка
Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска го договорија 15. пакет санкции против Русија, кој вклучува рестриктивни мерки за околу 50 бродови на трети земји кои ја помагаат руската агресија врз Украина, соопшти унгарското претседателство.
Во новиот пакет, на санкционираната листа се додадени и нови личности и правни лица. Со новата одлука се продолжува и за дополнителни шест месеци можноста Чешка да увезува нафтени деривати од Русија преку Словачка.
Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката.
„Го поздравувам усвојувањето на 15. пакет санкции што конкретно ја таргетира руската невидлива флота“,
објави Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс.
The EU and its G7 partners are committed to keeping a pressure on the Kremlin.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) December 11, 2024
I welcome the agreement on our 15th package of sanctions, targeting in particular Russia’s shadow fleet. https://t.co/UVHeaHUGzv
Одлуката во понеделник официјално ќе ја потврдат и министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.