Сецесионистичкиот план не е откажан, само е одложен, рече Додик за време на парламентарната седница што ја свика за да добие поддршка против воведувањето санкции кон Русија поради инвазијата на Украина
Војната во Украина и нејзините негативни ефекти ги принудија лидерите на босанските Срби да ги одложат плановите за повлекување на нивниот регион од националните институции на БиХ, изјави српскиот член на колективното претседателство на БиХ, Милорад Додик.
Парламентот на Република Српска претходно во декември го изгласа прекинот на врските со босанските вооружени сили, судството и даночниот систем, во необврзувачки предлог што ќе го отвори патот за отцепување.
Сецесионистичкиот план не е откажан, само е одложен, рече Додик за време на парламентарната седница што ја свика за да добие поддршка против воведувањето санкции кон Русија поради инвазијата на Украина.
„Затоа ја прекинавме реализацијата на нашите заклучоци во врска со повлекувањето на босанските Срби од државните органи“,
рече Додик и додаде дека политички услови предизвикани од војната во Украина доведоа до одложувања.
Додик воедно кажа дека Република Српска сака да ја задржи неутралноста кога станува збор за Русија и Украина и дека е против санкциите против Русија, повторувајќи ја позицијата на нејзиниот покровител, Србија, единствената европска земја која одби да воведе санкции.