Оваа можност е предвидена во Кривичниот законик на БиХ, според која, еден ден затвор чини 100 конвертабилни марки односно 50 евра. Претседателот на Република Српска, кому вчера му беше одземен мандатот, треба да плати околу 36 500 конвертабилни марки, односно малку над 18 000 евра во замена за издржување на едногодишната затворска казна
Адвокатскиот тим на претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, поднесе барање до Судот на Босна и Херцеговина, со кое бара изречената казна затвор од една година да му се замени со парична казна.

Оваа можност е предвидена во Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, според која, еден ден затвор чини 100 конвертабилни марки односно 50 евра. Додик треба да плати околу 36 500 конвертабилни марки, односно малку над 18 000 евра во замена за издржување на едногодишната затворска казна.
Иако тој рече дека ја отфрла конечната одлука на Судот на Босна и Херцеговина, барањето за замена на затворската во парична казна сигнализира дека тој ја прифатил пресудата.
Додик е осуден на една година затвор и забрана за вршење на оваа и други политички функции во земјата во следните шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
Централната изборна комисија на БиХ вчера донесе едногласна одлука за одземање на мандатот на Додик.