„Поставивме линија од хидрантска мрежа и интервениравме во координирана акција со Дирекција за заштита и спасување и по двата прелета на два авиони (ер трактор) со 100-отстотна ефикасност, нашата екипа се повлече од местото упатувајќи се кон дома“, раскажаа доброволците од Кочани

Екипа од седум членови на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, од 15 до 17 август, присуствуваше на дводневна обука во Србија организирана од Рускиот хуманитарен центар кај северниот сосед и Доброволното противпожарно друштво „Стефан Синџелиќ“ од Ниш.
Доброволците од Кочани собираа искуство во прва помош, во спасување на вода, ракување со чамец и скутер на вода и во алпинистичко качување и спуштање со јаже.
На враќање од Србија на граничниот премин „Табановце“ од полициски службеници било побарано од нив да интервенираат на пожарот кој му се заканувал на просторот и објектите на самиот граничен премин.
„Поставивме линија од хидрантска мрежа и интервениравме во координирана акција со Дирекција за заштита и спасување и по двата прелета на два авиони (ер трактор) со 100-отстотна ефикасност, нашата екипа се повлече од местото упатувајќи се кон дома“,
раскажаа доброволците од Кочани.