Не се чувствуваме обесправено, напротив ваквата помош од Владата кон општините е добредојдена, велат дел од градоначалниците на скопските општини на чело со градоначалникот Петре Шилегов, за владината помош од половина милион евра доделена за општина Арачиново.
„Во тек е целосна разработка на проектите коишто градот и општините од градот ги имаат доставено до Владата со цел централната власт да ја помогне локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти. Нема обесправени општини во смисла на тоа што добиваат фискална или материјална помош од централната власт, а предизвикана пред се заради скратените буџетски приливи во нашите буџети од ковид-кризата. Јас очекувам дека владата многу брзо ќе излезе со целиот тој концепт“,
рече Шилегов.
Градоначалниците на општините Центар, Карпош и Чаир велат дека на некој начин и нив им е помогнато бидејќи им биле прифатени дел од проектите и додаваат дека добредојдена е секогаш помош од централната власт.