Граѓаните до утре може да ги потврдат или коригираат годишните даночни пријави во Управата за јавни приходи (УЈП). Тоа може да го направат онлајн преку системот на е-Персонален данок.
Ако не ја потврдат или коригираат, од понеделник (1 јуни) пријавите ќе се сметаат за конечни.
„По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани“,
велат од УЈП.
Годишните даночни пријави понатаму ќе треба да ги одобри службено лице од УЈП, а ако не ја одобри, ќе се донесе решение за утврдување на данокот на доход за 2019.
Пријавата ги содржи сите приходи на лицето по сонов на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност.
