Еден од загинатите е возач на еден од автомобилите кои учествувале во сообраќајната несреќа. Неговото тело и телото на другиот починат ќе бидат дадени на обдукција, а кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанци
До сообраќајката што попладнево се случи на патот Припеп-Росоман дошло при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, соопшти вечерва Обвинителството според првичните сознанија за причините за несреќата во која загинаа две лица, а петмина се повредени.

Еден од загинатите е возач на еден од автомобилите кои учествувале во сообраќајната несреќа.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид и издаде наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите“,
наведуваат од Обвинителството.
Телата на двајцата починати ќе бидат дадени на обдукција, а кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанци.
„Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“,
велат од Обвинителството.
Несреќата се случи попладнево околу 17 часот на патот Прилеп-Росоман во близина на селото Радобил. Тројца од повредените се пренесени во болница во Прилеп, а двајца во болница во Кавадарци.
