Од четврток ветрот од северозападен ќе се промени во северен, а дневните температури ќе се намалат за десетина степени

Сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност и умерен, а на некои места засилен ветер нè очекува денеска. Утринската температура ќе биде од 12 до 21, а дневната ќе се движи од 30 до 40 степени.
Во Скопје максималната температура се очекува да достигне до 38 степени.
УХМР најавува дека потопло време ќе има утре и во среда додека од четврток, пак, се очекува значителна промена.
Ветрот од северозападен ќе се промени во северен, а дневните температури ќе се намалат за десетина степени.