Од ДИК велат дека гласањето за сите овие категории гласачи се одвивало непречено и без никакви проблеми и недоследности

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека од вкупно 8 856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот гласале 7 935 гласачи.
Од вкупно 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 1 400 гласачи. Додека во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот од 442 лица гласале 297 гласачи.
Од ДИК велат дека гласањето за сите овие категории гласачи се одвививало непречено и без никакви проблеми и недоследности.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денес. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина“,
соопшти ДИК.