Градот Скопје на централниот плоштад „Македонија“ ќе организира дочек на Новата година со настапи на домашни изведувачи, а за организацијата и финансирањето ќе помогнат три компании.
„Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот ’Македонија‘ ќе ја дочекаат Новата 2022 година“,
соопштија од Град Скопје.
Според најавата, на новогодишната ноќ во центарот на градот ќе настапат: Пука Козметика, ДНК, Нокаут, Наум Петрески, Зуица Лазова и ДЈ Славе.
