Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 56 слободни места в инфективните оддели во главниот град
Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 657 болни, сомнителени и потврдени за ковид -1, соопштија од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 27 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 20 примени пациенти, а 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле и на Клиниката за детски болести не биле примени нови болни.
Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 135 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 18 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.
Голем дел од пациентите, велат од МЗ, се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 56 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
На инфективните одделенија во земјава, велат од МЗ, се лекуваат 887 пациенти, слободни кревети има