Вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјава надмина 4 илјади
Уште 45 лица починаа како последица на ковид-19 во последното деноноќие, со што бројката на починати од почетокот на епидемијата стигна до 4 022.
Дваесет од починатите се, при што најмладиот пациент е на возраст од 32 години, а другите се на возраст од 89 , 85 , 84 , 83 , двајца по 81 година, 77 , тројца по 76години , 73, 71, 69, 68, 67, 66, 62,61 и 59г. Четворица од починатите се од Битола ( 81г, 62г, 61г, 60г ), по 2 од Велес ( 69 г и 56 г ), од Гостивар ( 77 г, и 63 г) , Охрид (84 г и 70г), Струмица (73г и 67г) , Кочани (86г и 74г) и од Гевгелија (74г и 64г) , по 1 починат од Куманово (78г) , Кавадарци ( 61г), Штип (61г) ,Кичево (73 г) ,Свети Николе (71г), Ресен (77г), Дебар (75г) ,Пробиштип ( 74г ), и Виница (69г ). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.
Како што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 4 555 тестирања, а регистрирани се 1 259 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 562, Битола – 97, Куманово – 83, Велес -51, Струмица – 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 751 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 647 559 тестирања на коронавирус. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136426, а бројката на оздравени пациенти е 111 139.
Бројот на активни случаи сега е изнесува 21 265, од кои дури 10 647 се во Скопје. Над илјада активни случаи има во Прилеп – 1 082 Куманово – 1 096, Битола – 1053. Моментно, нема град во државата без активни случаи на ковид-19.