Дополнително, пријавени се осум починати лица со датум на смрт од 31 октомври до 8 ноември
Регистрирани се 656 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа од 3 597 тестирања, соопштија од Министерството за здравство, посочувајќи и дека се излекувани 273 пациенти, а починаа 13 лица.
Од новозаразените, 257 се во Скопје, во Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26. Во Велес има 24 нови случаи, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10. Во Ресен, Пробиштип и во Демир Хисар има по осум нови случаи, Струга – шест, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по четири, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по три.
Во Скопје починати се четири лица на возраст од 67, 76, 80 и 86 години, две починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, пријавени се осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои двајца се починати во домашни услови, а шест во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 415 992 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207 566, бројот на оздравени пациенти е 191 922, на починати е 7 276, а бројот на активни случаи изнесува 8 368.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 90752, активни 3822
Куманово 12565, активни 410
Тетово 11175, активни 218
Прилеп 9755, активни 395
Гостивар 8029, активни 38
Битола 7907, активни 580
Велес 7015, активни 369
Кавадарци 6556, активни 351
Штип 6364, активни 261
Охрид 6245, активни 214
Струмица 5956, активни 106
Кичево 4172, активни 117
Струга 3865, активни 54
Кочани 3749, активни 232
Гевгелија 2650, активни 135
Неготино 2470, активни 96
Свети Николе 2059, активни 89
Крива Паланка 1766, активни 177
Радовиш 1654, активни 74
Ресен 1631, активни 72
Дебар 1453, активни 3
Берово 1304, активни 59
Делчево 1249, активни 106
Виница 1112, активни 38
Пробиштип 1081, активни 76
Валандово 871, активни 22
Кратово 698, активни 59
Богданци 607, активни 28
Крушево 568, активни 28
Демир Хисар 535, активни 67
Македонски Брод 482, активни 7
Демир Капија 413, активни 4
Македонска Каменица 381, активни 52
Пехчево 325, активни 3
Дојран 152, активни 6 .