Бројката на излекувани пациенти (1 347) и денеска е речиси двојно повиска од новите случаи на коронавирус
Во Скопје има 13 смртни случаи, а најмладиот починат пациент (34) е од Прилеп
Бројката на новозаразени со ковид-19 падна под илјада во последното деноноќие, кога од 3 050 тестирања се регистрирани 687 нови случа, наспроти 1 347 оздравени пациенти. Но бројката на починати и натаму е мошне висока. Во последните 24 часа, битката со коронавирусот ја изгубиле уште 46 лица.
Нови случаи по градови: Скопје – 310, Куманово – 55, Битола – 35, Прилеп, Охрид и Струмица – по 33, Велес – 31, Кавадарци и Тетово – по 23, Гостивар – 19, Штип и Кочани – по 17, Свети Николе – 11, Кичево, Ресен и Виница – по 7, Неготино – 6, Гевгелија и Македонски Брод – по 4, Струга – 3, Богданци – 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.
Оздравени пациенти по градови: Скопје – 780, Битола – 94, Куманово – 67, Охрид – 51, Штип – 44, Велес – 43, Тетово – 33, Кичево – 32, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 19, Кочани – 16, Берово – 14, Струга – 12, Свети Николе и Ресен – по 11, Прилеп и Делчево – по 10, Неготино – 9, Крива Паланка – 8, Пробиштип и Дебар – по 6, Радовиш и Македонска Каменица – по 5, Виница, Демир Хисар и Кратово – по 4, Богданци и Пехчево – по 3, Македонски Брод и Валандово – по 1.
Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола – 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово – 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготино (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г) . Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 669 141 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141 844, бројката на оздравени пациенти е 116 780, на починати е 4 228, а бројот на активни случаи изнесува 20 836.