Дополнително се пријавени уште осум смртни случаи во претходните денови, додека бројот на активни случаи падна на 2 857
Регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа од 2 624 тестирања.
Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје – 204. Следат Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција.
Регистрирани сe 749 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (68г, 74г, 75г и 93г) и по едно починато лице од Прилеп (83г), Велес (81г) и Струмица (72г). Сите починале во болнички услови.
Дополнително се пријавени осум починати лица од: Скопје (3), Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62г. до 96г. Лицата за починати се пријавени во период од 19 до 26 февруари. Од пријавените, шест лица се починати во домашни услови, а две во болнички услови. Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1 901 296 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299 049, бројот на оздравени пациенти е 287 127, на починати е 9 065, а бројот на активни случаи изнесува 2 857.