Бројката на излекувани денеска е 529, а дополнително се прјавени уште осум починати со датум на смрт од 20 септември до 3 октомври
Регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 од 3 791 тестирања во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство.
Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје – 205,
Следно е Куманово со 25 нови случаи,
Битола – 18,
Велес и Штип – по 16,
Крива Паланка – 15,
Струмица – 11,
Охрид – 10,
Тетово и Прилеп – по 9,
Свети Николе – 8,
Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6,
Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4,
Пробиштип и Кратово – по 3,
Виница и Македонска Каменица – по 2,
Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од:
Скопје – 313,
Куманово – 37,
Штип – 22,
Кавадарци – 18,
Велес – 15,
Битола и Струмица – по 13,
Тетово и Прилеп – по 12,
Охрид – 9,
Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7,
Кочани – 6,
Гевгелија – 5,
Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4,
Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3,
Крушево – 2,
Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица: пет од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г) и по едно починато лице од Куманово (84г), Кавадарци(62г) и Македонски Брод (53г). Од пријавените лица седум се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Дополнително, пријавени се уште осум починати лица, со датум на смрт од 20 септември до 3 октомври.Регистрирани се пет починати лица од Скопје и по едно од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените, четворица се починати во болнички услови, а другите четворица дома.
Досега во земјата се направени вкупно 1 314 953 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 194 231, бројката на оздравени пациенти е 176 807, на починати 6 799, а бројот на активни случаи сега изнесува 10 625.