Дополнително, пријавени се седум починати лица со датум на смрт од 22 ноември до 4 декември
Регистрирани се 375 нови случаи на ковид-19 во последните 24-часа од 2 744 тестирања:
Скопје – 180,
Прилеп – 30,
Битола – 28,
Кавадарци – 26,
Куманово – 13,
Велес – 12,
Радовиш – 11,
Делчево – 9,
Кочани и Валандово – по 8,
Крива Паланка и Ресен – по 7,
Охрид – 5,
Тетово и Македонски Брод – по 4,
Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3,
Струмица и Гевгелија – по 2,
Струга, Неготино, Крушево и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се девет починати лица: тројца од Скопје (87г, 78г и 62г) и по едно починато лице од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, пријавени се седум починати лица со датум на смрт од 22 ноември до 4 декември. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1) и се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови, а пет во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 488 688 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217 775, бројот на оздравени пациенти е 204474, на починати е 7 674, а бројот на активни случаи изнесува 5 627.