Направени се 4 811 тестови, а регистрирани се 1 715 нови случаи на ковид-19, од кои 240 се реинфекции, а еден е втора реинфекција
Близу 36 проценти од тестираните се позитивни на ковид – 19, според билтенот на Министерството за здравство за последното деноноќие, кога се регистрирани и 20 смртни случаи како последица на вирусот.
Направени се 4 811 тестови, а регистрирани се 1 715 нови случаи на ковид-19: Скопје – 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – 63, Охрид – 56, Прилеп и Струмица – по 48, Гостивар – 36, Гевгелија – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Кочани – 26, Кичево – 24, Радовиш – 20, Валандово – 17, Богданци – 16, Струга и Крива Паланка – по 14, Ресен – 12, Виница – 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Демир Капија и Пехчево – по 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пробиштип – 3, Дебар и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, 240 се реинфекции, а има и една втора реинфекција.
Регистрирани сe 2 057 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, има 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни.
Дополнително се пријавени четири починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, во период од 26 јануари до 1 февруари.
Досега во земјата се направени вкупно 1 803 508 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274 144, бројот на оздравени пациенти е 251 688, на починати е 8 494, а бројот на активни случаи изнесува 13 962, од кои 7 624 се во Скопје.